Достапни линкови

Исламабад: Рајс го повика Пакистан да преземе робусен одговор на терористичкиот напад во Бомбај


Американскиот државен секретар Кондолиза Рајс изјави дека пакистанската влада мора да превземе робусен одговор на минатонеделниот терористички напад во индискиот град Мумбаи. Таа од Њу Делхи допатува во Исламабад, каде што на пакистанскиот шеф на дипломатијата Мехмуд Куареши му пренела дека нападот во Мумбаи не смее да се повтори. Пакистанскиот премиер Јусаф Раза Гилани се заложил за заедничка битка против тероризмот. Претходно, Кондолиза Рајс во Њу Делхи повика на воздржаност и смирување на тензиите меѓу Индија и Пакистан.
XS
SM
MD
LG