Достапни линкови

Покана за Македонија за членство тогаш кога ќе го реши спорот за името со Грција


Министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО на вториот ден од состанокот денеска во Брисел меѓу другото расправаа и за напредокот на земјите аспиранти за членство во НАТО. Тие соопштија дека очекуваат Албанија и Хрвастка да станат полноправни членки на Алијансата до Април 2009. Во финалното коминике се наведува дека Македонија ќе биде поканета за членство тогаш кога ке го реши спорот околу името со Грција. Значаен прогрес кон НАТО направила и Босна и Херцеговина а на Грузија и Украина им е потврдена подршката еден ден да станат членки на Алијансата.

Албанија и Хрватска направија значаен прогрес во реформите, се вели во финалното коминике од денешниот состанок на министрите за надворешни работи. Наша цел е на овие две земји да им кажеме добредојдовте во Алијансата на следниот самит. Хрватска и Албанија ке станат 27 и 28 земја членка. Прогрес на патот кон атланската интеграција е нотиран и во случајот на Босна и Херцеговина. Министрите за надворешни работи на Хрватска и Албанија присуствуваат на состанокот во Брисел на кој Македонија не е поканета. Во финалното коминике се наведува дека Македонија ке биде поканета за членство во НАТО тогаш кога ке го реши спорот околу името со Грција. Министрите за надворешни и за одбрана на РМ Антонио Милошоски и Зоран Коњановски пак од Скопје испратија писмо до Генералниот Секретар Јап де Хоп Схефер во кое меѓу другото ги потсетуваат министрите дека на Самитот во Букурешт, на Македонија целосно и беше оддадено признание за постигнатото во насока на НАТО интеграцијата, но дека поради една членка поканата на државава е одложена до наоѓање на заедничко решение за спорот со името меѓу Македонија и Грција. Како и да е во меѓувреме НАТО на состанокот во Брисел им ги потврди перспективи што им се ветени и на Грузија и Украина.

„Министрите за надворешни работи решија да обезбедат натамошна подршка за Грузија во реформите за прогрес кон НАТО. Решено е да се засили НАТО канцекларијата во Тбилиси и годишната програма ке биде равиена во Комисијата НАТО – Грузија.“

изјави генералниот секретар на НАТО Јап де Хоп Схефер, кој за напредок ја пофали и Украина. Шефот на украинската дипломатија Володимир Оришко изјави

„Без сомневање оваа година е историска за односите меѓу Украина и НАТО. Самитот во Букурешт јасно ја отвори нашата евро-атланска перспектива.“

Иако подршката за Грузија и Украина е реафирмирана, сепак на овој состанок во Брисел тие не добија Акционен план за членство.
Соединетите Држави, Велика Британија, како и Чешка, Полска и балтичките држави силно ги подржуваат аспирациите на Грузија и Украина, но блок земји предводен од Германија сметаат дека овие две земји се уште не се подготвени на финалниот чекор за членство во НАТО.
XS
SM
MD
LG