Достапни линкови

Берлин: Република Македонија треба да направи фер компромис за името, изјави Црвенковски


Република Македонија треба да се обиде да направи фер компромис за името кој нема да го загрозува македонскиот етнички, јазичен или културен идентитет и да се интегрира во евроатлантските структури. Ова го изјави македонскиот претседател Бранко Црвенковски на отворањето на Меѓународната конференција Предизвици и перспективи на Република Македонија која се одржува во Берлин во организација на фондацијата Фридрих Еберт. Според Црвенковски сите други чекори, независно од легитимноста, можат да значат губење драгоцено време, што една мала држава со лимитирани ресурси, лоцирана во центарот на турбулентниот Балкан, не смее да си го дозволи, во името на просперитетот на сегашните и идните генерации свои граѓани. Црвенковски, како што јави МИА, рекол дека според најавите, кои доаѓаат од Грција во блиска иднина оваа земја се подготвува повторно да ја злоупотреби својата позиција на земја-членка и да го блокира интегрирањето на Македонија и во Европската Унија.
XS
SM
MD
LG