Достапни линкови

logo-print

Њу Делхи: Кондолиза Рајс го повика Пакистан под итно да соработува со Индија


Американскиот државен секретар Кондолиза Рајс го повика Пакистан под итно да дејствува и да соработува со Индија по минато неделните напади во Мумбаи. Рајс ова го изјави во Њу Делхи каде што денеска допатува во посета на Индија, во рамките на обидите на Вашингтон да се ублажат тензиите по терористичките напади во Мумбаи во кои загинаа 183 лица. Пакистанскиот Претседател Асиф ал Зардари соопшти дека ако Индија докаже дека пакистанска група стои зад нападот против неа ке бидат превземени акции и ке им се суди во Пакистан. Во Пакистан пак престигна адмирал Мајк Мален, началник на здружениот генералштаб на американската војска на разговори за регионални прашања.
XS
SM
MD
LG