Достапни линкови

Македонија мора да ја преземе иницијативата во процесот на преговорите, велат експертите


Претседателот Црвенсковки не се повлекува од процесот на преговорите за името и стои на располагање на премиерот да помогне кога тоа ке биде побарано од него, велат од кабинетот на шефот на дражавата ден откако тој го потпиша указот за именување на амбасадорот Зоран Јолевски за нов македонски преговарач. По повлекувањето на Никола Димитров од таа позиција кабинетот всушност нема никаква конекција со медијаторот Метју Нимиц кој според најавите деновиве требаше да биде информиран за назначувањето на Јолевски. Во мегувреме домашните аналитичари сугерираат Македонија да ја преземе иницијативата во процесот на преговорите. Според Жидас Даскаловски од Центарот за истражување и креирање политики Скопје треба да излезе со ставови што е прифатливо, а што не е затоа што како што вели на земјава и одговара да се реши проблемот со името што е можно поскоро:

„Тоа може да биде јавна дипломатија која што понатаму ќе ни донесе поени кај сојузнички држави, затоа што ова би било пресврт на некој начин затоа што досега ретко кој од македонските актери знае точно што се преговара од наша страна, а не пак пошироко во светот.“

Со слично мислење е и аналитичарот Суад Мисини. Дека ние треба да го напоравиме првиот чекор веројно и е јасно и на власта, вели Мисини:

„Ние мора да дадеме понуда која што ќе биде најниско можна со прецизно дефинирана црвена линија под која што не би оделе, доколку тоа не се случи мене ќе ми биде дефинитивно јасно дека ние не се брзаме со евроинтеграцијата.“

Во мегувреме пак преставниците на НАТО и Европската Унија порачуват дека интеграцијата на земјава е возможна доколку спорот со името се реши. Според Мисини ваквата ситуцаија не е нова туку трае неколку месеци, а сега како што вели и на јавниста и станува јасна:

„Моментот е дојден владата да се произнесе дали ја одложува до непознат рок евроинтеграцијата, значи наспроти решавањето на спорот со името и мислам дека треба да биде прецизна околу тоа.“

Даскаловски пак не се согласува дека е дојден моментот за одлука дали земјава ке го реши спорот со името и ке се интегрира во евроатланските структри или пак ке активира план Б. Македонија сеуште може да работи и на двете полиња чекајки подобри мегународни ставови смета Даскаловски:

„Односно процесот на евроинтеграција може да го продолжува и без да имаме покана за членство, а процесот за зачувување на името може да го продлабочи со тоа што ќе покрене иницијатива во Генералното Собрание на ОН да се испита легалноста на приемот на Македонија под референцата и условот за преговарање.“
XS
SM
MD
LG