Достапни линкови

logo-print

Високиот трговски дефицит и неповолната политичка состојба една од причините за намалувањето


Втор пат во рок од еден месец, Македонија бележи намалување на кредитниот рејтинг. Првичното опаѓање на кредитниот рејтинг минатиот месец го забележа меѓународната рејтинг агенција Фич, соопштувајки дека тој од позитивен преминал во стабилен. Сега според најновата анализа на агенцијата Стандард и Пурс државава го изгуби и стабилниот и преминува во негативен кредитен рејтинг. Според економските експерти, една од причините освен тоа дека станува збор за глобален тренд согласно економската криза во светот, е и тоа што бележиме енормно висок дефицит на тековна сметка, објаснува професорот Абдулменах Беџети.

„Имајќи ги во предвид тенденциите каде што се прикажува пред се растечкиот дефицит на тековна сметка, како последица на зголемување на трговскиот дефицит, намалување на приватните траснфери од странство и како последица можеби на намалувањето на странските инвестиции.“

Освен трговскиот дефицит, професорот Зоран Ивановски вели дека во евалуацијата при изготвувањето на кредитниот рејтинг на една земја секако во предвид се има и политичката стабилност, што значи дека сигурно на државава не и оди во прилог неуспехот да се приклучи во НАТО:

„Односно неуспехот или оддалечувањето на земјата од НАТО или ЕУ може да се тангира како некоја перцепција за зголемен ризик на земјата, но тоа мислам дека сепак е надвор од наша контрола.“

Земено се вкупно ова ќе одрази врз интересот на странските инвеститори за земјава, додава професор Ивановски:

„Тоа значи дека нивната инвестиција во држава ќе биде третирана, или ќе носи поголем принос за ризикот кој е зголемен или нема да влегуваат, значи клучен однос во бизнис сектор во економијата е односот ризик-принос.“

Економските експерти уште и додаваат дека не се многу оптимисти за скоро подобрување на ситуацијата имајки ја во предвид континуриано лошата економска состојба од која со години неможеме да излелеземе:

„Растечкиот тренд на трговскиот дефицит укажува на неспособноста на реалната економија да биде конкурентна, и тоа покажува дека ние немаме капацитет во структурата на стопанството. Тоа треба да се менува, а всушност не се менува брзо.“

забележува професор Беџети.
XS
SM
MD
LG