Достапни линкови

Осло: Министерот за надворешн работи ќе ја потпише Конвенцијата за касетна муниција


Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Антонио Милошоски денеска ќе ја потпише Конвенцијата за касетна муниција на Конференцијата која ќе се одржи во Осло. Овој документ е прифатен од 107 земји и претставува правно обврзувачки меѓународен акт кој забранува користење, производство, складирање и трансфер на касетна муниција. Договорот ги обврзува земјите потписнички да ги уништат постојните залихи во рок од 8 години и да го исчистат теренот од касетна муниција во рок од 10 години.
XS
SM
MD
LG