Достапни линкови

Скопје: Прекинат штрајкот во образованието, од денеска нормална настава


Генералниот штрајк во образованието, науката и културата прекинува и од денеска сите училишта продолжуваат со редовна настава, одлучи Советот на СОНК на синоќешната вонредна седница. На седницата, на која присуствуваа и министрите за образование и наука и за култура, Перо Стојановски и Елизабета Канчевска - Милевска и заменик-министерот за труд и социјална политика Спиро Ристевски, беше потпишана Спогодбата и колективните договори за основно и средно образование. Одредбите од колективните договори ќе важат веднаш, освен во делот на платите кои ќе се применуваат од 1 јануари 2010 година. Прифатени се и барањата за зголемување на надоместокот за храна и превоз кои ќе се важат од јуни 2009 година, односно ќе влезат во бруто платите. Исто така договорено е најдоцна до крајот на март да заврши трансформацијата на работниот однос на лицата што се вработени на определено време.
XS
SM
MD
LG