Достапни линкови

Сараево: Војниците на НАТО извршиле претрес во куќата на Радован Караџиќ


Војници на НАТО извршиле претрес во куќата на поранешниот лидер на босанските срби Радован Караџиќ, барајќи докази за контакти со мрежата која му помага на поранешниот генерал Ратко Младиќ да не биде уапсен. Членовите на семејството Караџиќ биле сослушани во нивната куќа на Пале, изјави портпаролот на НАТО Дерек Чепл. Караџиќ од јули годинава се наоѓа во затворот на Хашкиот трибунал.
XS
SM
MD
LG