Достапни линкови

Ница: Русија и ЕУ ги продолжуваат разговорите за нивните нови партнерски односи


Русија и Европската Унија денеска во Ница ги продолжуваат разговорите за нивните нови партнерски односи. Тие беа прекинати во август годинава, по избувнувањето на конфликтот меѓу Русија и Грузија. Грузискиот претседател Михаел Саакашвили побара од Унијата да не ги предава поранешните советски републики со тоа што ќе и понуди многу концесии на Москва.
XS
SM
MD
LG