Достапни линкови

Македонија не е поканета на самитот


Македонија не е поканета на министерскиот состанок на НАТО во Брисел затоа што не е членка на алијансата велат од министерството за надворешни работи. Одтаму додаваат дека Грузија и Украина кои иако не се членки пристувуваат поради тоа што со нив според агендата се одржуваат панел средби. Викендов пак министертвото за одбрана причионата за непруситвото на Македонија ја побара во Грција. Се знае дека главниот проблем доаѓа од јужниот сосед кој се обидува на сите можни начини да го оневозможи нашето присуство изјави заменик министерот Емил Димитриев. Токму до овој самит кој се одржува денеска и утре американскиот висок дипломат Фрид пред пет недели порача Скопје да се обиде да ги вгради своите забелешки во последниот пакет идеи на медиајтрот во спорот со името Метју Нимиц. Спротивно од ваквите забелешки земјава во тој период остана без преговарач во спорот, а одлучи и да ја тужи Грција пред мегунардониот суд на првадата, процес кој според дел од јавноста ке го одолговлчечи решението. Аналиртичарите со различни ставови за ваквите постапки на Македонија. Според поранешниот минситер за надворешни работи Слободан Чашуле владата не оддава впечаток на незаинтерансот за решавање на спорот.

,,Со самиот факт што праќаме дипломатска екипа, овој пат засилена со амбасадорот во Вашингтон Јолевски, кој е близок до американската администрација, мислам дека оваа влада нема да се откаже од тоа.“

Спротивно аналитичарот Ризван Сулејмани смета дека сигналите кои ги прака Скопје се порака дека нема воља за наоѓање компромис.

,,Јасно е дека подолго време владата на Македонија не покажуваше интерес за НАТО, мислам американците како заинтересирани дефинитивно да го стабилизираат регионот, тие направија се за Македонија да го помине тој праг и конечно да стане членка на НАТО.“

Поради таквиот однос додава Сулемани Соединетите Американски Држави ке ја сменат и својата стратегија и ке ја стават Македонија во таканаречена замрзаната состојба односно излоирана

„Тие нема цело време да ,,не играат“ нас, ако ние ,,не играме“ како фигура. Тие ,,ќе играат“ со фигури кои тоа го прават, а еве се поактуелен играч станува и Србија.“

Деновиве стигна и правата песиместичка изјава од Вашингтон во однос на спорот до Грција. Очигледно е дека прашањето за името нема брзо да се реши изјави американскиот државен секретар Кондолиза Рајс. Првата порака пак дека мегународната заедница ќе ја стави земјава во изолација Сулејмани ја гледа токму во тоа што земјава не доби поканата за присутво на актуелниот НАТО самит
XS
SM
MD
LG