Достапни линкови

Вашингтон: Хилари Клинтон нов државен секретар на САД


Новоизбраниот американски претседател Барак Обама, вчера ја избра Хилари Клинтон за нов државен секретар. Таа по назначувањето изјави дека придружувајќи му се на тимот на Обама, ќе работи на постигнување на позитивни промени во земјата. Мегудругите во тимот за национална безбедност на Обама, останува досегашниот државен секретар за одбрана, Роберт Гејтс, а секретар за внатрешна безбедност ќе биде Џенет Наполитано. Пензионираниот генерал Џејмс Џонс, поранешен командант на НАТО, ќе биде советник за национална безбедност.
XS
SM
MD
LG