Достапни линкови

Брисел: Започнува дводневниот состанок на шефовите на дипломатии на НАТО


Денеска во Брисел започнува дводневниот состанок на шефовите на дипломатии на НАТО. На состанокот, според очекувањата ќе биде поздравен приемот на Албанија и Хрватска во Алијансата, а како што јавуваат медиумите во земјава, во делот за Македонија се очекува да биде потврдена формулацијата од самитот во Букурешт, односно дека условот е решение на спорот со името. Инаку главни теми на состанокот се Авганистан, Грузија и Украина, како и односите со Русија. Ќе стане збор и за распоредувањето на мисијата ЕУЛЕКС на Косово. Вчера портпаролот на Алијансата Џејмс Апартурај изјави дека во НАТО се уште не се расправало, проценувало, ниту донесувало одлука за предлогот на претседателот на Србија Борис Тадиќ да се изврши ревизија на Кумановскиот договор од јуни 1999 година со кој е востановена копнена зона за безбедност долж административната линија на централна Србија и Косово.
XS
SM
MD
LG