Достапни линкови

logo-print

Вашингтон: Кондолиза Рајс во Индија во знак на солидарност по минатонеделниот терористички напад


Американскиот претседател Џорџ Буш ја испраќа државната секретарка Кондолиза Рајс во Индија за да ја демонстрира американската солидарност по минатонеделниот терористички напад во Мумбаи во кој беа убиени над 170 луѓе, вклучувајки и 6-мина американци. Белата Куќа соопшти дека Рајс ќе пристигне во Њу Делхи во среда, веднаш по утрешниот состанок на НАТО во Брисел. Рајс денеска е во посета на Лондона, каде што изјави дека Пакистан треба да покаже целосна транспарентност и соработка со Индија во расветлувањето на нападот.
XS
SM
MD
LG