Достапни линкови

Скопје: Претседателот Црвенковски треба да го именува Зоран Јолевски за нов преговарач за името


Претседателот Бранко Црвенковски, треба да го именува амбасадорот актуелниот македонски амбасадор во САД Зоран Јолевски на новата дополнителна функција нов преговарач за името. Изборот на новиот преговарач со грчката страна во преговорите во Њујорк што се водат со посредство со Метју Нимиц го направи Владата во саботата, откако претседателот Црвенковски на почетокот на минатиот месец го смени Никола Димитров од функцијата и побара од Владата да понуди ново решение за таа функција.
XS
SM
MD
LG