Достапни линкови

Тајланд: Илјадници туристи ,,заглавени" во Тајланд поради политичките нереди


Илјадници туристи останаа во Тајланд поради политичките нереди кои ја зафатија таа земја. Агенциите јавуваат дека околу 100 000 луѓе се во Банкок, откако поради антивладините протести беа затворени меѓународниот и домашниот аеродром. Во меѓувреме околу 50 демонстратори биле повредени во експлозија на бомба во зградата во која се наоѓа канцеларијата на премиерот Сомчаи Вонгсават, а која веќе неколку дена е опколена од антивладините демонстратори. Тајландската полиција им нареди на демонстраторите да ги напуштат аеродромите кои ги држат во опсада, или во спротивно ќе се соочат со последиците.
XS
SM
MD
LG