Достапни линкови

logo-print

Букурешт: Во Романија денеска парламентарни избори


Во Романија денеска се одржуваат парламентарни избори, прв пат по новиот изборен систем кој предвидува за кандидатите да се гласа поединечно, а не според партиски листи. Повеќе од 18 милиони избирачи имаат право на глас. Аналитичарите оценуваат дека од овие избори би можела да зависи способноста на земјата во следните пет месеци да го надмине застојот во реформите и да ја заштити кревката економија од последиците од глобалната економска криза. Резултатите од анкетите покажуваат дека во убедливо водство се две опозициски партии Демократско либерална партија на Емил Блок која е поврзана со претседателот Трајан Басеску и Социјалдемократската партија на поранешниот министер за надворешни работи Мирчеа Џоана.
XS
SM
MD
LG