Достапни линкови

Скопје: Амбасадорот Зоран Јолевски нов преговарач за името


Македонскиот амбасадор во Соединетите Држави Зоран Јолевски е предложен за нов преговарач на Македонија во разговорите со Грција за разликите околу името што се водат со посредство на ОН. Претседателот Бранко Црвенковски со чија одлука беше сменет Димитров, како што потврди неговиот кабинет, се согласил Јолевски да биде нов преговарач за името. На барање на амбасадорот Зоран Јолевски во неговиот тим што ќе ја претставува Македонија во разговорите за името со Грција ќе останат и Никола Димитров и Мартин Протоѓер, шефот на кабинетот на премиерот Груевски.
XS
SM
MD
LG