Достапни линкови

Експертите воздржани во поврзувањето на балканските криминални и политички настани


Убиство на полицаец во Скопје пред два дена и убиство на новинар во Загреб минатиот месец. Истовремено со ваквите настани во Косово се зголемува и нервозата на локалното население поради планот на генералниот секретар на Обединетите Нации за распоредување на мисијата ЕУЛЕКС, а се погалсни се предупредувањата дека е можна нова криза во Босна. Експертите воздржани околу поврзувањето на овие балкански криминални и политички настани кои евентуално би се ефектуирале преку нервозата во подземјето. Според професорот Владимир Пивоваров заедничка нишка на последните убиства на Балканот е тоа што проблемите со криминалот се таложеле многу години и сега како што вели дошло времето кога излегуваат на површина:

„Секаде кога ќе бидат притиснати ,,до ѕид“ криминалните структури преземаат свои мерки на својствен начин, а тоа секогаш се најрадикалните – убиствата, што за жал е многу тежок чин, тоа е кревање рака против државата и секако дека државата мора најригорозно да одговори.“

За тоа пак зошто токму сега се случуваат ваквите инциденти Пивоваров вели:

„Треба да се бараат причините во конкретен случај, тесна поврзаност помеѓу нив, што според мое мислење не постои.“

Според професорот Осман Кадруи пак овие настани неможе да се поврзат ниту временски, односно зошто се случуваат во ист период:

„И сега доаѓаат до израз оние сили, поединечни или организирани кои што преземаат мерки спротивни на позитивното право на секој поредок.“

Кадриу додава дека една од причините за убиствата се слабите државни институции кои им овозможуваат на криминалните структури да ги реализираат своите цели. По акцијата Пепел во која полицијата го уапси кумановецот Бајруш Сејдиу кој според обвинето бил на чело на титунската мафија и убиството новинарот Пуханик кој пишуваше токму за таквите регионални нелегални бизниси, министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска во интервју за Радио Слободна Европа изјави дека во повеке случаи досега се покажало дека криминалните сруктури не дејствуваат изолирани во една земја:

„Рано е да се каже дали за конкретниот случај постои поврзаност на криминални структури од повеќе држави во регионот, но ние во МВР имаме темелен и систематски пристап кон сите случаи што на крајот дава резултати.“
XS
SM
MD
LG