Достапни линкови

Бомбај: Продолжува акцијата на индиските специјалци против терористите


Индиските специјалци ја продолжуваат акцијата за окончување на терористичко – заложничката криза во Мумбаи. Според полицијата, досега биле убиени 143 лица. Командосите спроведуваат спасувачка операција во еврејскиот центар, каде што имало заложници, а продолжуваат акциите за извлекување на заложниците и во хотелите Оберои Тридент и Таџ Махал. Терористичките упади во објектите во Мумбаи започнаа во средата вечер, а меѓу убиените има државјани на Австралија, Јапонија, Италија, Велика Британија, Германија, а Соединетите Држави потврдија дека тројца американци се повредени. Идентитетот на напаѓачите сеуште не е познат, но се претпоставува дека станува збор за ислмистички милитанти. Индискиот премиер Манмохан Синг изјави дека милитантите не се од Индија.
XS
SM
MD
LG