Достапни линкови

logo-print

Хавана: Медведев задоволен затоа што САД не инсистираат на натамошно проширување на НАТО


Рускиот претседател Дмитриј Медведев ја поздрави одлуката на Соединетите Држави, на наредниот состанок на НАТО, да не инсистираат на давање статус кандидат за членство во Алијансата на Украина и на Грузија. Задоволен сум што надвладеа разумот, изјави Медведев, кој е во посета на Куба. Тој во Хавана оствари средба со претседателот Раул Кастро.
XS
SM
MD
LG