Достапни линкови

Економистите очекуваат намален економски раст и инвестиции


Светската економска криза ги менува бројките на постигањата на економиите а компаниите на светските стопански берзи се под влијание на стравот што ќе донесе иднината. Со цел да ги сочуваат свопите ликвидни средства ја намалуваат побарувачката на суровините за производство. Ова осетно ја намали цената на металите на светските берзи кое пак сочинува голем дел од македонското индустриско производство и има голем удел во создавањето на бруто домашниот производ и во извозот на земјата. Според тоа, ако продолжи овој тренд на побарувачка на металите, тоа ќе има серизни последици врз економијата во земјава, прогнозира професорката од економскиот факлултет Ирена Кикеркова.

„Контракцијата на метало преработувачкиот сектор ќе значи намалување на БДП, забавување на економскиот развој, оние планирани стапки на развој нема да може да се остварат, намалување на девизниот прилив, со тоа и тешкотии во формирањето на девизните резерви на земјата, а ако кризата се пролонгира на долг рок, и ако продолжи да се намалува производството на металопреработувачкиот сектор, секако ќе се зголеми невработеноста,“

вели Кикеркова. Падот на индустриското производство за месец октомври изнесуваше цели 9,9 проценти во однос на истиот месец лани. Овие показатели ги внесоа првите видливи негативни ефекти од глобалната економска криза и во Македонија. Директорот за стратегиски планирања во макстил, Митко Кочовски го илустрира уделот на металопреработувачката индустрија во македонската економија.

„Во структурата на индустријата, 15%, во БДП, некаде 5-6%. А челичната индустрија со најновата статистика за 2007 година заврши со 37% учество во извозот.“

И покрај тоа што производителите се подготвуваат за различни сценарија, Кочовски не гледа со општимизам на 2009-тата година која ја нарекува година на криза и на стагнација во стопанската активност. На краток рок, вели професорката Кикеркова економската слика и пошироко и кај нас ќе наликува на нормалната но на подолг рок сигурно ќе има сериозни последици на кои ќе биде потребно и сериозно да им се пристапи, вели професорката Кикеркова.

„Треба да се отворат индустриски капацитети во повисоки фази на преработка во земјата и во најблискиот регион, но искрено да кажам не сум многу оптимист затоа што финансиската криза не ви дава можност ниту да земете заеми, ниту да отворате нови капацитети, ниту да имате странски инвестиции, тие ќе се намалат.“
XS
SM
MD
LG