Достапни линкови

Бомбај: Над сто мртви и 300 ранети во нападот на индискиот финансиски центар


Специјалните сили на Индија и натаму се во состојба на готовност во Бомбај каде што милитанти извршија серија напади на индискиот финсиски центар при што има над 100 мртви и над 300 ранети. Во опсада се ставени два хотела каде непознат број напаѓачи држат заложници. Според заменик министер за полиција на индиската држава Махараштра, Патил изјави дека веројатно станува збор за бројка од 100 до 200 заложници гости и персонал на ликсизните хотели Тридент и Оберој. Патил изјави дека нема преговори со терористите, кои покрај хотелите изутрината извршија напад и врз железничка станица и болница. За одговорна за наапдите се огласи малку позната исламистичка група Декан Муџахедин. Според сведоците цел на наапдите се британци и американци. Светските лидеи, меѓу кои на Америка и Русија ги осудија нападите.
XS
SM
MD
LG