Достапни линкови

logo-print

Белград и Приштина ќе соработуваат со ЕУЛЕКС, но разликите остануваат


Советот за безбедност на Обединетите Нации едногласно го подржа извештајот и планот на Генералниот Секретар Бан Ки Мун за реконфигурација на УНМИК и за распоредување на мисијата на Еулекс. Белград и Приштина ке соработуваат со ЕУЛЕКС но разликите остануваат.За Србија таа е во согласност со резулуцијата 1244 на Обединетите Нации, а за Косово во Согласност со планот за независност на Марти Ахтисари.

Седницата на посветена на Косово се одржа во Њујорк и на неа Генералниот секретар Бан Ки-мун го претстави извештајот за состојбата во Косово и планот за реконфигурација на меѓународното присуство. Председавачот на Саветот за безбедности Хорхе Урбина од Костарика, во соопштението наведе дека во извештајот на Бан Ки Муна се земени во предвид позициите на Приштина и Белград и тој ја
поздрави готовноста на властите на Косово и во Србија да саработуваат со меѓународната заедница. Шефот на српската дипломатија Вук Јеремиќ на седницата на Советот за Безбедност го поздрави планот и ги повика властите во Приштина да не се противат на вољата на меѓународната заедница.Според Јеремиќ, во извештајот на Бан Ки Мун се потврдува статусната неутралност на ангажманот на мисијата на Европската Унија – ЕУЛЕКС.

„Мене ми е мило што овие разумни барања се исполнети. Експлицитниот јазик на овој извештај потврдува дека статусот на Еулекс е неутрален и дека ниту еден дел не е заснован врз планот на Марти Ахтисари за независност на Косово – што Србија го одбива, а Советот за Безбедност никогаш не го одбри.“

Шефот на косовската независност Скендер Хисени исто така на седницата на Советот во Њујорк повтори дека планот од 6 точки на генералниот секретар Бан Ки Мун е неприфатлив за Косово. Не можеме да дозволиме никакво дејствување кое го доведува во прашање суверенитетот на Косово, рече Хисени додавајки дека Приштина сепак се залага за брзо распоредување на ЕУЛЕКС во согласност на мандатот кој произлегува од планот на Марти Ахтисари и Уставот на Косово.
Амбасадорите на Франција и Соединетите Држави пак укажаа дека мисијата на Еулекса на Косово ке функционира неутрално и целосно транспарентно. На седницата специјалниот пратеник на генералниот секретар и раководител на мисијата на Обединетите Нации во Косово Ламберто Заниер ја опиша ситуацијата како мирна и стабилна, но сложена во политичка смисла. Тој го оквалификува Косово како држава со етничка сегрегација и нагласи дека Белград и Приштина живеат во паралелни светови. Според весникот Фајненшл тајмс пак постоечката поделба на Косово по етничка основа уште повеќе ќе се продлабочи со усвојувањето на планот на Обединетите Нации за распоредување на европската мисија ЕУЛЕКС, иако Европската Унија и Русија ги намалија разликите што се однесуваа на ова прашање. Мисијата на ЕУ стартува од почетокот на идниот месец, а тоа значи и во северните делови на Косово, каде српското малцинство е доминантно.
XS
SM
MD
LG