Достапни линкови

Осло: Продолжува посетата на премиерот Груевски на Норвешка


Премиерот Никола Груевски кој престојува во дводневна посета на Норвешка синока во Осло се сретнал со македонските иселеници. Како што јави МИА по средбата со нив македонската делегација во која се и вицепремиерот Абдулаќим Адеми, министерот за одбрана Зоран Коњановски, националниот координатор во НАТО амбасадорот Никола Димитров и директорот на Агенцијата за странски инвестиции Викотр Мизо одржале средба и со министерката за одбрана на Норвешка Ане - Грете Стром Ериксен. Претходно премиерот Груевски разговарше со неговиот норвешки колега Јенс Столтенберг а беше примен и од кралот Харолд.
XS
SM
MD
LG