Достапни линкови

Хрватска, Албанија, Грузија и Украина на листата на учесници


На самитот на министрите на земјите членки на НАТО кој ке се одржи идната недела во Брисел ќе присуствуаат и министрите од Хрватска, Албанија, Грузија и Украина. На официјалната интернет страница на алијансата нема информација за присуство и на македонските претставници. Денеска и од министерствта за надворешни работи и за одбрана нема одговор дали Македонија како земја членка на Партнерството за мир, ке има свој преставник. Аналитичарот Благоја Марковски објаснува дека на ваквите самити на алијанста може да бидат поканети и земји кои не се членки:

„Пред се на официјалните средби и конференции, присуствуваат исклучително земјите на НАТО, а членките од Партнерството за мир можат да бидат поканети за определени прашања, но одлуките кога се донесуваат, се донесуваат во рамките на земјите членки на НАТО.“

Македонија досега беше поканувана на состаноците на алијанста вели поранешниот министер за обрана Владо Бучковски. Анализирајки го сегашниот однос на земјава со НАТО тој вели дека по првичниот шок на државно владиниот врв од исходот на самитот во Букурешт, работите се подобруваат:

„Беше веќе забележливо дека нема сериозни контакти со седиштето на НАТО, во Брисел, се до минатиот месец кога следеа посети на Црвенковски, Груевски и Коњановски.“

Според Бучковски Македонија не треба да очекува, како што вели ништо сериозно од престојниот минситерски самит на земјите членки на НАТО:

„Тоа го виде и парламентарната делегација, ние бевме минатата недела во Шпанија, каде што на Парламентарното Собрание на НАТО за жал, Македонија веќе не е ниту во фаза кога ја сожалуваат по неуспехот во Букурешт, туку се повеќе имам впечаток дека ја игнорираат и дека никој веќе не не споменува во ниту еден контекст.“

Со слично мислење е и аналитичарот Марковски. Не треба да се очекува ништо конкретно во однос на приемот на земјава во алијансата, смета Марковски:

„Бидејќи беше воспоставен условот на добрососедски односи, односно решавање на проблемот со името што го поставува Грција.“

Високиот американски дипломат Даниел Фрид порача токму до овој состанок кој ке се одржи идната недела, Скопје да се обиде да ги вгради своите забелешки во последниот пакет идеи на медијаторот во спорот со името Метју Нимиц. Но, од тогаш односно во тие пет недели од кога Фрид ја испрати пораката Македонија остана без преговарач во споорот со името, а минатата недела одлучи и да ја тужи Грција пред Мегународниот суд на правдата во Хаг. Оценката на домашните аналитичари е дека држвано владниот врв не го искористи периодот за позиционирање во спорот со името со Грција.
XS
SM
MD
LG