Достапни линкови

logo-print

Париз: Вице премиерот Боцевски на конференција за миграција и развој


Вицепремиерот задолжен за европски прашања Ивица Боцевски денеска на покана од шефот на француската дипломатија Бернар Кушнер и министерот за имиграција, интеграција, национален идентитет и солидарен развој Брис Ортефе, ќе учествува на Втората европско-африканска министерска конференција посветена на миграцијата и развојот. Боцевски во текот на денов ќе се сретне и со сенаторот Ибер Анал, претседател на Комисијата за ЕУ при францускиот Сенат, а утре и со францускиот државен секретар за европски прашања Жан Пјер Жује.
XS
SM
MD
LG