Достапни линкови

Повеќето од партиите ги прифаќаат измените, но свесни се дека тие не се гаранција за фер избори


Согласно претходно постигнатиот консензус од страна на поголемите политички партии, повеќето од политичките субјекти соопштуваат дека ја даваат поддршката за уставните измени според кои цензусот за избор на претседател на државата се намалува од досегашните 50 на 40% во вториот изборен круг. За власта оваа измена, заедно со претходно донесените промени на Изборниот законик, ќе придонесат за намалување на изборите нерегуларности:

„Во текот на процесот на договарање имаше различни идеи. Тогаш ВМРО ДПМНЕ предлагаше и воопшто да нема цензус, меѓутоа под влијание на ставот на другите партии ВМРО ДПМНЕ прифати и ваква ситуација, што ќе значи намалување на шансите за изборни нерегуларности и изборно насилство.“

Изјавува Илија Димовски од ВМРО ДПМНЕ. Со слично мислење и коалициониот партнер ДУИ. Оттаму потенцираат:

„Токму од овие причини за да не ни се случат инциденти, за да не ни блокира изборниот процес се одлучивме да го намалиме цензусот, со надеж дека ќе имаме полза од тоа, значи да се избира претседателот во вториот круг и да има легитимитет.“

Вели Џеват Адеми од ДУИ.
За опозициониот СДСМ, од каде всушнот доаѓа предлогот за намалување на цензусот за избор на шеф на државата на 40 %, иако се негови предлагачи сметаат дека сепак ова не гаранција за фер и демократски избори. Цветанка Иванова од оваа партија вели:

„Мислам дека за фер избори пред се треба да има политичка воља затоа што сме имале ситуации кога со исти прописи сме имале апсолутно фер избори и со истиот пропис сме имале многу нерегуларности за време на изборите.“

Уставните измени за избор на претседател на државата и претходно донесените Измени на изборниот законик, засега без поддршка од втората опозициона партија ЛДП. Кога веке се отвара Уставот, треба да биде регулирано и прашањето за двојните државјанства за функционерите, сметаат од оваа партија и додаваат:

„Додека не го види Венецијанската комисија ние сметаме дека Изборниот законик не треба да започне да се имплементира, вклучувајќи го и цензусот, затоа што мислиме дека со овие измени, со ништо нема да се намалат или да се ублажат нерегуларностите.“

Потенцира Роза Топузовска Каровска од ЛДП.
XS
SM
MD
LG