Достапни линкови

logo-print

Брисел: ЕУ не треба да се вклучува во билатералните расправии меѓу Балканот, изјави Оли Рен


Европската унија не би требало да се вклучува во билатералните расправии на Балканот, кои е подобро да се решаваат со политички наместо со правни средства, смета еврокомесарот за проширување Оли Рен. Нерешените билатерални прашања не треба да го загрозуваат процесот на пристапување на земјите од региoнот во ЕУ и мораат да се решаваат билатерално низ преговори во духот на добрососедските односи, истакнува Рен во интервјуто за интеренет порталот Еуроактив, посочувајќи го како пример граничниот спор меѓу Словенија и Хрватска. Според Рен, подобро е, отворените прашања, да се решаваат на политички начин отколку со тужби пред Меѓународниот суд на правдата.
XS
SM
MD
LG