Достапни линкови

Скопје: Наскоро амбасада на Косово во Македонија


Нашите односи одсекогаш биле добри, но сега ќе го подигнеме и нивото на дипломатските односи. Набргу Косово ќе има амбасада во Скопје, така што оваа соработка меѓу нашата влада и државни институции ќе се продлабочи уште повеќе, изјави косовскиот премиер Хашим Тачи по вчерашната средба со премиерот Никола Груевски. Груевски се сретна и со премиерот на Албанија Сали Бериша, кој истакнувајќи го интензивирањето на односите меѓу земјите, особено значајни за Албанците разговараше со Груевски и за заедничкиот железнички проект Албанија – Македонија кој се очекува да заврши идната година. Бериша се сретна и со лидерите на ДУИ И ДПА. Тој го поздравил функционирањето на владината коалиција меѓу ВМРО ДПМНЕ И ДУИ како и напредокот во правец на имплементација на Охридскиот договор како договор за мир, стабилност и соработка.
XS
SM
MD
LG