Достапни линкови

Суровичево: Втор конгрес на ,,Виножито"


Партијата на Македонците во Грција, Виножито, денеска во Суровичево, Леринско, ќе го одржи вториот конгрес на кој, според најавите, ќе стане збор за активностите за подобрување на третманот на македонското малцинство во грчкото општество и за подготовките за изборите за Европскиот парламент закажани за идното лето. Се очекува од конгресот да биде упатена порака до грчкиот политички врв да ги почитува правата на македонското малцинство, во согласност со сите меѓународни конвенции.
XS
SM
MD
LG