Достапни линкови

logo-print

Лима: Синоќа последна средба меѓу Буш и Медведев


Американскиот претседател Џорџ Буш синоќа за последен пат се сретнал со својот руски колега Дмитриј Медведев во градот Лима во Перу. Како што јавуваат агенците Буш му соопштил на Медведев дека напорно раотел на воспоставување добри односи со Русија. Двајцата претседатели се сретнаа на крајот од самитот за азиско-пацифичка соработка во време кога се заладени односите меѓу двете земји по воениот конфликт на Русија со Грузија во август годинава, како и поради американскиот план за поставување противракетен штит во југоисточна Европа, на што остро се противи официјална Москва.
XS
SM
MD
LG