Достапни линкови

Регионалната соработка и односите меѓу Македонија и Косово, главни теми на средбите со Груевски


Премиерот Никола Груевски денеска во македонската Влада ќе се сретне со својот албански колега Сали Бериша. Како што соопшти владината прес - служба, Груевски попладне треба да се сретне и со премиерот на Косово Хашим Тачи. Станува збор за прва средба Груевски - Тачи по македонското признавање на Косово и на неа ќе се разговара за билатералните односи и неофицијално и за воспоставување дилпоматски односи меѓу Македонија и Косово на ниво на амбасади во Скопје и Приштина. Инаку, Премиерите на Албанија и на Косово Сали Бериша и Хашим Тачи се во Македонија по повод одбележувањето на 100 годишнината од Битолскиот конгрес на кој на 22- ри ноември, 1908 година била стандардизирана единствена албанска азбука која и денеска се употребува. Централното чествување на стогодишнината од Битолскиот конгрес и унификацијата на албанската азбука ќе биде одржано вечер во Домот на Армијата во Скопје, во присуство на премиерот Никола Груевски и премиерите на Албанија и на Косово Сали Бериша и Хашим Тачи. Вчера на научната конференција на тема - 100 години јазично обединување обраќање имаше Претседателот на Македонското Собрание Трајко Вељаносвки, кој изјави дека донесениот Закон за јазиците и можноста за образование на албански јазик е придонес за подобар живот во Македонија како дел од големото европско семејство.
XS
SM
MD
LG