Достапни линкови

logo-print

Новата американска администрација ќе биде поангажирана на Балканот


Новата американска администрација ќе биде поангажирана во однос на проблемите на Балканот, бидејки многу прашања кои го потресуваа регионот во 90-тите години, сеуште не се решени. Ова, во интервју за Радио Слободна Европа, го истакнува Ричард Гирагосијан, од американскиот Институт за анализа на глобалната безбедност.

Конфликтот во Грузија и консолидацијата на руските позиции и моќ, негативно се одразија врз Косово, а Европската Унија сега и се доближува на Србија. Од гледиште на безбедноста, доаѓа една опасна фаза во врска со одржливоста на косовските институции. Во грузија многумина сметаат дека Западот ги изневери за време на августовската интервенција на Русија, а Косово е нов тест за решителсноста на Западот, бидејки Соединетите ДРжави и Европската Унија имаат обврска вистински да ги подржат косовските институции, истакнува Ричард Гирагосијан.

„Може да се заклучи дека Соединетите Држави не се премногу вмешани во плановите на Европската Унија во врска со разместувањето на мисијаа ЕУЛЕКС. Вашингтон беше преокупиран со претседателските избори, но новата администрација ќе биде поангажирана во одбрана на позицијата на Косово и ќе инсистира на промена на плановите на Европската Унија. “

Ричард Гирагосијан оценува дека и администрацијата на Џорџ Буш му посветуваше внимание на Балканот, но не доволно.

„Можат да се видат два важни фактори. За време на мандатот на Буш немаше подготвеност да му се даде важноста на Балканот како за време на Клинтоновата администрација. Но, од гледиште на американското воено присуство, Косово и Балканот останаа многу важни. Во секој случај, администрацијата на Барак Обама ќе мора да биде поактивно вклучена на Балканот. Косовското прашање сеуште не е решено, бидејки патот кон државноста и независноста е долг и тежок.“

Државноста на Косово сеуште не е загарантирана од сите меѓународни фактори, па Соединетите Држави и натаму ќе мора да бидат активно вклучени во тој процес. Во врска со можен нов конфликт на Балканот, Гирагосијан оценува:

„Има два значајни моменти. Ако гледаме на Балканот во целина, позитивно е тоа што во сегашните предизвици околу Косово, без оглед дали станува збор за спор меѓу Америка и Русија, или дури Вашингтон и Брисел, Западот е ангажиран во гарантирањето на стабилноста во регионот. Тоа се однесува и на Босна и на Македонија. Тоа е тест и за Соединетите Држави во врска со гаратирањето на безбедноста на секоја земја поединечно. Национализмот во регионот сеуште не е надминат, а препродувањето на тие проблеми повеќе ќе зависи од локалните политики и економии, отколку од гео-политичкиот распоред на силите.“

истакнува Ричард Гирагосијан, од американскиот Институт за анализа на глобалната безбедност.
XS
SM
MD
LG