Достапни линкови

Лошата финансиска состојба е една од причините за ваквата состојба, потенцира стручната јавност


Паралелено со проширувањето на медиумскиот простор во земјава, односно отварањето на голем број печатени и електронски медиуми, Македонија на меѓународните ранг листи забележува пад во оценките за слободата на говорот. Последно, минатиот месец на ранг листата на „Репортери без граници“ земјава забележа пад за шест места споредено со минатата година. Негативни забелешки за слободата на медиумите регистираше во својот последен извештај и Европската Комисија. Медиумите во Македонија се изложени на значајни политички влијанија и од оваа ситуација мора да се излезе, е пораката која ја упатува евроамбасадорот во земјава Ерван Фуере:

„Ова е многу реален и сериозен проблем и извештајот на Европската Комисија беше многу јасен и во него се наведува дека медиуми се исложени на значајни политички влијанија. Електронските медиуми се многу концентрирани во приватни телевизии кои имаат врски со политичките партии. Многу е важно да се направат напори за да се засилат и да се постигнат независни медиуми, но секако дека примерот мора да дојде од раководството, владата и од сите политички партии кои ја креираат независноста на медиумите.“

Изјавува амбасадорот Фуере во интерјвуто за Радио Слободна Европа кое ќе се емитува в недела. Тој уште укажува и на лошата финансиска состојба и условите во кои работат новинарите, а додава и дека мора да се зајакне улогата на Здружението на новинари како и на Советотот за радиодифузија.Иако располагаме со одредени механизми, кои предвидуваат и санкционирање, некогаш сме немоќни, велат од Советот за радиодифузија. Потпретседателот на ова тело Илир Ајдини објаснува:

„Значи помалите медиуми некако повеќе се трудат да ги следат правилата и нормите, додека посилните, поголемите медиуми се чувствуваат помоќни и дури и директно, јавно кажуваат дека неможе никој да влије врз нивната работа.“

Во услови на лоша финансиска состојба во која се наоѓаат македонските медиуми власта е најголем огласувач, а средствата кои се одвојуваат за кампањите се чуваат во тајност, потенцира и дел од стручната јавност. На овој пример, видливо е влијанието на политичките партии врз медиумите, во услови кога претставуваат речиси главен извор за нивна егзистенција, изјавува професорот по комуникации и медиуми Живко Андревски:

„Тие неможат без луѓето кои што ги финансиираат нивните активности, нивното работење и постоење и на тој начин просторот е отворен за директно влијание.“

вели професор Андревски.
XS
SM
MD
LG