Достапни линкови

Ирачкиот премиер ги отфрла критиките во земјата


Ирачкиот премиер Нури Ал Малики ги отфрли критиките за најновиот безбедносен договор со кои се овозможува американските трупи да останат уште три години во Ирак, велејќи дека оние кои не се согласуваат со договорот сакаат Американците да останат само за да агитираат против нив. Неговите забелешки следуваат откако договорот го потпишаа двете земји, но истиот треба да биде одобрен и од ирачкиот парламент.

Обраќањето на ирачкиот премиер Нури Ал Малики на националната телевизија имаше за цел да им соопшти на луѓето дека условите на договорот за безбедност со Соединетите Држави нема да бидат изменети под какви било околности. Договорот е потпишан, но сега треба да биде одобрен од ирачкиот парламент. Малики го опиша договорот како документ со кој се дозволува американските војници да останат во Ирак до крајот на 2011 година, или осум години по американската инвазија на Ирак која доведе до пад на режимот на Садам Хусеин.

,,Во договорот се прецизира дека американските војници ќе се повлечат од градовите на 30 јуни 2009 година, и тоа е краен рок кој нема да биде продолжен. Исто така се наведува дека трупите треба да се повлечат од Ирак до јануари 2011 година и тоа е крајниот рок."

Малики истакна дека со договорот не им се дозволува на американските трупи да ја користат територијата на Ирак за напад на соседните земји како што се Иран или Сирија.

,,Ве уверувам дека нема тајни делови или додатоци во договорот. Нема да има трајни воени бази на ирачка територија, кои би се користеле како премин или база за напад на други земји, рече Малики."

Премиерот меѓудругото се обиде да им порача на ирачкиот народ дека акцииите кои ќе бидат преземени од американските сили ќе бидат во координација со Багдад.

Договорот меѓудругото подразбира дека нема да има воени операции ако тие не бидат претходно договорени со ирачката влада и во потполна координација со неа, како и дека нема да има апсења без налог од владата и потполна координација со неа.

Во меѓувреме во Вашингтон одделот за одбрана подготвува план за измените кои новоизбраниот претседател Брак Обама ги планира за во Ирак и Авганистан. Адмиралот Мајк Мјулен вели дека се планира што побрзо повлекување на трупите од Ирак и нивно преместување во Авганистан за да се борат против Талибанските бунтовници и членовите на Ал Каеда.

Според Мјулен, Пентагон веќе ги идентификувал и ги практикува рутите надвор од Ирак кои поминуваат низ Турција и Јордан. Двете земји се сојзуници на Соединетите Држави и според Мјулен, тие ги поддржуваат напорите за повлекување на американските трупи. Сепак тој предупредува дека оставањето на безбедноста во рацете на ирачките сили е предизвикувачко, но сомнително. Насилствата во главниот град се намалија по неколкуте операции што беа спроведени минатта година. Но сепак се уште се присутни фрекфентни и драматични напади чија мета честопати се ирачките граѓани. Затоа Мјулен предупредува дека постојат големи логистички предизвици ако почне повлекувањето на трупите од Ирак, а воените експерти ги разгледуваат начините и терминот кога тоа да се направи.
XS
SM
MD
LG