Достапни линкови

Политичките претставници и бизнис секторот од регионот бара можности за подобра економска соработкa


Финансиската криза и земјите во транзиција е една од главните теми на кои се расправа на петтиот состанок на регионалниот Економски форум на земјите од Југоисточна Европа што денеска започна во Охрид. Еминентни претставници на држави, влади, деловниот и банкарскиот свет и академските заедници од овој дел на Европа ги анализираат причините и последиците од финансиската криза што го тресе светот, што се оценува дека е пострашна дури и од онаа во 30-тите години на минатиот век, поради што се нарекува ,,финансиско цунами“ со катастрофални последици врз реалниот економски сектор:

„Според мене причина за кризата е лакомоста на финансиските институции за лесна и брза заработувачка, особено на банките. Кризата најчесто се генерира преку високо ризичното станбмено кредитирање со давање на т.н. токсични кредити на кредитно неспособните клиенти. Последиците од кризата се банкротот на три од пет најголеми инвестициски банки во САД и други во светот.“

вели Мирко Пуљиќ експерт од Економскиот факултет во Сараево. На форумот во Охрид се бараат нови можности за подобра економска соработка во регионот особено во енергетскиот сектор и инфраструктурата како што е градежништвото, патиштата и телекомуникациите за што овде дебатира политичката и бизнис елитата од водечките компании:

„Во наредните шест до седум години во Македонија може да се очекува во областа на инфраструктурата и енергетиката инвестиции од три до четири милијарди евра што значи дека со тоа значително ќе се влијае врз поттикнување на инвестициите во Македонија, во регионот, а кои во иднина ќе значат подобрување на бизнис климата.“

изјави министерот за економија Фатмир Бесими.
XS
SM
MD
LG