Достапни линкови

Властите во земјава и натаму со смирувачки тонови, а експертите со предупредувања за внимателност


По американската, и европската економија влегува во рецесија. Изминативе денови, негативен економски раст прогласија две значајни европки економски сили Италија и Германија. Сепак и наттаму македонските власти упатуваат смирувачки тонови. На економски план, македонската економија е насочена кон привлекувањето на странски инвестции. Тоа што кризата дојде поблиску до нас и на економските пазари, не би требало да има поголемо влијание, оптимисти се властите во земјава, бидејќи пред се компаниите кога се решаваат за одредени инвестции планираат на однапред:

„Не планираат на краток рок, туку разгледуваат можности што би се случило за три до пет години. Така што дури и автомобилската индустрија, која на ,,хартија“ е во голема криза, дури и такви компании размислуваат што и како би се случило на некој среден до краток рок за да знаат што би се случило и како би реагирале.“

Објаснува директорот на Агенцијата за странски инвестиции Виктор Мизо. Иако и дел од стручната јавност се согласува дека последиците од рецесицијата поради недоволната интегрираност на македонскиот со светскиот економски пазар ќе бидат само делумни, додаваат дека сепак некои компании сигурно ќе почувстуваат проблеми посебно доколку имале соработка со оние европски земји кои влегоа во рецесија:

,,На тој начин што евентуално заради рецесијата на пример во Италија која е наш голем трговски партнер, или пак исто и Германија, заради тоа што како големи трговски партнери поради рецесијата што се јавува во нивните земји, може да откажат некои аранжмани со Македонија.“

Смета професорот од Економскиот факултет Тихомир Јовановски. Стручната јавност предупредува и на една друга опасност, нетолку од ударот на меѓународната економска криза, туку од домашната рецесија доколку не се оствари планираниот економски раст кој владата за наредната година го предвиде на 5,5%.

„Затоа што ние на некој начин со мало влијание имаме и имавме некоја рецесија, и таа постоеше до 2007 кога со постигнување на некој растеж од 5 или 5,5 отсто стопански раст таа се намали, но мислам дека владата доколку и ако го оствари, тоа ќе го динамизира стопанскиот развиток, а тоа е најдобрата мерка против рецесијата.“

додава професор Јовановски.
XS
SM
MD
LG