Достапни линкови

Се крашат копјата околу тоа дали треба да бидат опфатени и поранешните припадници на ОНА?


Иако кај пратеничките групи постои расложените за законска рамка за бранителите, нивните гледишта се спротивставени. За законот за бранители што го достави здружението „Достоинство“ до Собранието, пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ најави дека ќе изгради став по координацијата закажана пред собраниската седница, а во ДУИ каде ова законско решение го поврзуваат со правата на поранешните припадници на ОНА, можноста за донесување на решение ја поврзуваат со финансиската можност на буџетот:

„Немаме сеуште изградено став, сега пратеничката група има координација.“

„Начелно ставот на ДУИ е тоа што треба да се видат и да се дефинираат сите тие работи. Неможат финансиски да ги поткрепат сите тие барања на бранителите.“


изјавија Илија Димовскиод ВМРО ДПМНЕ и Сафет Незири од ДУИ. Кај владата постои расположение за законска рамка за правата на бранителите, но според нејзините согледувања предлог законот на здружението ,,Достоинство“ ќе предизвика буџетски трошок од 300 милиони евра годишно. Поддршка за законското решение најави опозициската ЛДП според која законоското решение за бранителите, не треба да се поврзува со правата на припадниците на поранешната ОНА:

„За жал ние во Македонија толку години по конфликтот сеуште немаме јасна слика што се случуваше. Кога ќе ја имаме јасната слика ќе може да ги разграничиме тие две работи.“

Изјави Роза Топузовска Каровска. Но, со ова не се согласува аналитичарот Назми Малики:

„И бранителите и припадниците на ОНА треба да ги имаат истите права и ако се дораснати политички и со државен интерес, врвот на ВМРО ДПМНЕ треба да го решат ова прашање со ист закон.“

Политикологот Жидас Даскаловски вели дека ова прашање е поврзано со конфликтот и треба да се решва во духот на Охридскиот договор:

„Духот на Охридскиот договор е помирување и ако има потреба да се решат некои прашања за албанците, тогаш тие треба да се решаваат паралелно со оние прашања на бранителите.“

Здружението на бранители „Достоинство“ собра над 32 илјади граѓански потписи со кои им се овозможи во Собранието да го достават законот со кои предлагаат посебни права на бранителите. Со овој предлог закон се бара да се реши неправадата која им ја нанесе Врховниот суд со кој што требаше на воените инвалиди и семејставта на загинатите да ги вратат парите што ги добија како надомест на нематеријална штета, потоа бесплатно здравство за оние што ја бранеа државата и можност за пет години предвремено пензионирање.
XS
SM
MD
LG