Достапни линкови

Вашингтон: Хавиер Солана на разговори со Кондолиза Рајс за Косово


Евро комесарот за надворешна и безбедносна политика Хавиер Солана денеска ќе разговара со американскиот државен секретар Кондолиза Рајс за, како што се очекува, ситуацијата на Косово. Солана утре во Њујорк ќе се сретне со генералниот секретар на Обединетите Нации Бан Ки-мун за реконфигурација на УНМИК, односно за разместување на ЕУЛЕКС на Косово во пресрет на седницата на Советот за безбедност, која ќе биде одржана во почетокот на идната недела.
XS
SM
MD
LG