Достапни линкови

Брисел: НАТО и ЕУ нема да дозволат безбедносни пропусти на Косово


НАТО и Европската унија нема да дозволат на Косово да има „безбедносни пропусти“ откако во почетокот на декември Еулекс ќе почне со работа, изјави во Брисел шефот на Воениот комитет на НАТО адмирал Џанпаоло ди Паола по завршувањето на состанокот на шефовите на ГШ на членките на Алијансата. Според него, меѓу НАТО и ЕУ не постојат политички проблеми на терен и тие две организации на Косово ќе работат заедно „за да се избегне каков било безбедносен вакуум“.
XS
SM
MD
LG