Достапни линкови

logo-print

Скопје: Денеска ќе бидат засадени шест милиони дрвца во Македонија


Шест милиони дрвца денеска ќе бидат засадени на 100 локации во Македонија во рамки на акцијата „Ден на дрвото - Засади ја својата иднина“. Акцијата која ја иницира оперскиот пеач Борис Трајанов, а се реализира со поддршка на Владата е предвидено да се вклучат армијата, граѓаните, општините, Градот Скопје, училиштата, невладините организации, медиуми и компании. Заради поголема масовност денот е прогласен за неработен, а ќе се одработи на 29 овој месец. За оние кои сакаат да засадат дрвце е обезбеден бесплатен превоз на секои два часа, почнувајќи од 8:00 наутро до 14:00 попладне.
XS
SM
MD
LG