Достапни линкови

Њујорк: Повик до израел за прекин на блокадата на појасот Газа


Високиот комесар за човекови права на Обединетите нации Нави Пилеј го повика Израел да ја прекине блокадата на појасот Газа. Според комесарот блокадата на палестинската територија ги прекршува хуманитарните закони бидејќи со неа Палестинците се лишуваат од основните средства како храна, лекови, гориво и струја. Пилеј ги повика Палестинците да ги прекинат ракетните напади против Израел кој пак треба да престане со воените навлегувања во Газа. Израел во вторникот повторно ги затвори премините кон појасот Газа и со оклопни возила навлезе во зоната контролирана од Хамас по што следеа престрелки со палестинските милитанти источно од Рафа.
XS
SM
MD
LG