Достапни линкови

Распоредувањето на мисијата во северно Косово останува отворено прашање


Европската комисија неодамна потврди дека долгоодложуваната мисија на Косово, ЕУЛЕКС, ќе почне да оперира во декември. Европските лидери се надеваат дека тоа ќе го означи почетокот на де факто независниот развој на Косово и ќе го забрза реформскиот процес кон евроинтеграциите. Сепак, распоредувањето на ЕУЛЕКС во северниот дел кој е претежно населен со Срби, останува отворено прашање.

Преку зајакнување на судските реформи, безбедноста, и борба против тероризмот, Еулекс пред се ќе претставува тело што ќе се грижи за безбедносната ситуација на Косово, иако моќта на оваа мисија ќе биде ограничена во однос на надлежностите што ги имаше мисијата на Обединетите Нации, УНМИК. Мандатот на Европската Унија беше доделен од страна на Советот на Унијата на 4 февруари оваа година, а 13 дена подоцна Косовските Албанци прогласија независност. Српските лидери и косовските Срби сметаат дека според меѓунатродното право, мисијата е неовластена. Тие тврдат дека распоредувањето на ЕУЛЕКС значи де факто признавање на независноста на Косово, додека според нив, УНМИК имала неутрален статус. Наспроти нив пак, повеќето од Косовските Албанци ја поддржуваат ЕУЛЕКС.
Како и да е, шансите за успешно функционирање на Еулекс се базираат на долгогодишните подготовки и можноста да се научи од грешките на УНМИК.

„Со оглед на тоа што ова е најголемата и најважна мисија на ЕУ досега, нема да почнеме додека не бидеме прифатени,“

изјави неодамна официјално лице на ЕУЛЕКС.

Европската Унија планира порационална и подисциплинирана мисија во споредба со УНМИК, во чијшто состав влегуваат претставници од земји членки на Европската унија но и такви кои не се членки, како на пр. Хрватска, Швајцарија, Норвешка, Туција и Соединетите Држави. Во октомври светските медиуми соопштија дека американски војници ќе служат во оваа мисија. Овој историски договор меѓу американските лидери и ЕУ, навестува нова ера на трансатланска соработка. Според извори од Еулекс, американскиот кадар бил внимателно избиран.

„Баравме помош од нив бидејќи имаат добри односи со Албанците и силни интереси тука, изјави за Џејнс интелеџенс, висок претставник на Еулекс.“

Двајца или тројца американски специјалисти ќе работат во секторот за борба против тероризмот во Еулекс. Америка и останатите странски сили ќе раководат со разузнавачките операции со нивните дипломатски претставништва. Тимови на локални и меќународни судии ќе соработуваат и ќе разменуваат искуства. Она што го потенцира Унијата како посебно важно, е техничката природа на ЕУЛЕКС.
Како и да е, планот на ЕУЛЕКС да го остави спроведувањето на правниот систем на локалното население, ги загрижува Србите кои се плашат дека тоа би можело да ги охрабри Албанските екстремисти. Се смета дека на Косово локалните политичари имаат огромно влијание. Европската Унија ветува дека доколку се појави некаков проблем тој ќе биде навремено решен, со посредништво на специјалниот пратеник на Унијата Питер Фејт. Популарноста на овој германски дипломат потекнува од неговата претходна улога на специјален претставник на НАТО во времето на конфликтот меѓу албанските бунтовници и владините сили во јужна Србија и Македонија во 2001 година.
И додека персоналот на ЕУЛЕКС ќе работи на забрзување и спроведување на потребните реформи на Косово, посложените проблеми кој го вклучуваат органзираниот криминал и безбедноста ќе бидат решавани со притисоци од страна на европските и американските лидери.

Се очекува ЕУЛЕКС да се покаже како поспособна за соочување со безбедносните ризици во однос на претходната мисија УНМИК. Од политички аспект, европската моќ ќе се спроведува преку Меѓународната граѓанска канцеларија на Косово и Европската комисија. Унијата се надева дека ваквиот модел на делување ќе предизвика мирна транзиција на Косово, познато во историјата како турбулентно и нестабилно подрачје.
XS
SM
MD
LG