Достапни линкови

Жителите се жалат дека рафинеријата ги труе, надлежните велат дека загадувањето е во дозволени рамки


Жителите на селата Миладиновци и населбата Илинден денеска протестираат пред влезовите на Рафинеријата „ОКТА“ поради испуштањето отровни гасови. Луѓето кои живеат во околината на скопската рафинерија веке подолг период се жалат дека мирисот на нафта и понатаму се чувствува. Од Зелената Коалиција велат дека и покрај ветувањата кои ги добивале од министерство за животна средина и просторно планирање за решавање на овој проблем, до ден денеска нема резултати од тоа.

„Ако се Министерство за животна средина и министри, тогаш нека работат, ако земаат пари, а ако не можат, тогаш нека си одат дома и нека го затворат министерството коешто и така одамна не функционира во насока заштита на животната средина и заштита на луѓето. Ако зборуваме само за кампањи за подигање на јавната свест, тука се невладините организации да го работат тоа, а министерството треба да почне да ги спроведува законите на Репулбика Македонија и да ги санкционира загадувачите коишто ја уништуваат животната средина.“

Вели Ненад Кочиќ преставник на коалицијата. Окта додава Кочиќ, најверојатно е заштитена од македонските власти.

„Сметам дека цело време стои во позадина овој договор којшто се има склучено, со којшто најверојатно ОКТА е заштитена од вложувања во заштита на човековата околина и којшто е штетен за граѓаните на околните села.“

Од Министерството за животна средина и просторно планирање пак посочуваат дека рафинеријата се придржува до законите.

„Со оглед на тоа што десулфуризаторот е во функција и ставена е прочистителна станица за отпадните води би требало загадувањето да е во рамки на дозволеното, што не мора да значи, може да се случуваат некогаш и отстапувања, но согласно на инасталираното треба да се движи во рамки на дозволеното,“

изјави Фирус Мемет Државен Инспекторат за животна средина и природа и додава дека граѓаните на околните села се поради загадувањето на водата.
XS
SM
MD
LG