Достапни линкови

Сомалија: Киднапираниот саудиски танкер со нафта стигнал до брегот на Сомалија


Американската морнарица јави дека Саудискиот супер танкер киднапиран од пирати со 100 милиони долари нафта стигнал до брегот на Сомалија. Звездата на Сириус е три пати поголеама од носач на авиони и беше киднапирана со два милиона барели нафта, а на бродот имаше 25 член екипаж. Танкерот беше киднапиран на 800 километри од кенискиот брег. Станува збор за најголем случај на киднапирање годинава од пирати.
XS
SM
MD
LG