Достапни линкови

logo-print

Хаг: Меѓународниот суд ќе објави дали е надлежен за тужбата на Хрватска против Србија за геноцид


Меѓународниот суд на правдата во Хаг денеска ќе ја објави одлуката дали е надлежен за тужбата на Хрватска против Србија, во која се тврди дека официјален Белград е одговорен за геноцид извршен врз несрпското население во таа земја во периодот од 1991- 95 година. Доколку судот се прогласи за надлежен, постапката ќе продолжи со расправа за суштината на хрватската тужба, односно дали во Хрватска е извршен геноцид и дали за тоа е одговорна Србија, а во спротивно, постапката ќе биде прекината.
XS
SM
MD
LG