Достапни линкови

Белград: Главниот обвинител на Хашкиот Трибунал Серж Брамерц во посета на Србија


Главниот обвинител на Хашкиот трибунал Серж Брамерц денеска ќе допатува во дводневна посета на Белград, а од неговата оценка на соработката на Србија со Трибуналот ќе зависи одлуката на Европската унија за примена на Времената спогодба и почетокот на ратификација на Спогодбата за стабилизација и асоцијација. Брамерц, врз основа на разговорите со српските власти, ќе изготви редовен шестмесечен извештај за соработката со Трибуналот, кој ќе го поднесе до Советот за бзбедност на Обединетите нации, кон крајот на овој месец, а ќе го претстави на седница на средината на декември.
XS
SM
MD
LG