Достапни линкови

Вашингтон: Медведев се надева на подобрување на односите со САД по доаѓањето на Обама за претседател


Рускиот претседател Дмитриј Медведев изјави дека се надева оти ќе се подобрат односите со Соединетите Држави, по преземањето на претседателското место на Барак Обама во јануари следната година. Зборувајќи пред Советот за надворешни односи во Вашингтон, тој изјави дека е поготвен да разговара за контроверзниот план на Соединетите Држави за поставување на антиракетен штит во Чешка и во Полска. Изјавата следува по заканите од Медведев дека доколку се реализира таквиот план, Русија ќе распореди свои ракетни проектили во Калининград во Полска.
XS
SM
MD
LG