Достапни линкови

logo-print

Исламабад: Пакистанските власти забранија движење на нафтени камиони кон Авганистан


Пакистанските власти го забранија движењето на нафтени камиони на автопатот кон Авганистан, што пак може да передизвика последци врз снабдувачкиот синџир на американските и НАТО трупите во таа земја. Според пакистанските власти овој чекор бил преземен поради безбедносни причини и ќе биде прекинат најбрзо што може. Забраната следува откако милитанти киднапираа десетина камиони кои носеа пратка наменета за американските сили во Авганистан.
XS
SM
MD
LG